Утрински Весник
Свет

Русија предупредува: Украинските мини слободно пловат во Црното Море, можат да стигнат до Медитеранот

Русија предупредува: Украинските мини слободно пловат во Црното Море, можат да стигнат до Медитеранот
Dik 300x250 mk

Русија денеска предупреди на мини поставени од украинските сили во Црното Море по почетокот на руската офанзива врз Украина, кои би можеле да испливаат до Босфорот, па дури и до Средоземното Море.

„По почетокот на руската специјална воена операција на 24 февруари, украинските поморски сили поставија мински бариери во близина на пристаништата во Одеса, Очаково, Црното Море и Југот“, се вели во соопштението на Руската тајна служба.

Истовремено тврдат дека се работи за застарени мини произведени во првата половина на 20 век.

Руската тајна служба предупредува дека невремето влијаело на кинењето на каблите што ги поврзуваат мините со сидрата.

„И на тој начин, под влијание на ветерот и струите мините слободно пловат во западниот дел на Црното Море“, се вели во соопштението, кое потсетува на нивната незадоволителна техничка состојба.

„Бидејќи во областа доминираат површински струи кои се движат во јужен правец, не е исклучено плутање и движење на мините кон Босфорот, а потоа и кон морињата на медитеранскиот слив“, предупредува руската тајна служба.

Руската Црноморска флота вчера издаде предупредување за опасноста од тие мини.

Можете да прочитате

Средба на Трамп со лидерите на Казахстан, Киргистан, Таџикистан, Туркменистан и Узбекистан

Акционерите на „Тесла“ одобрија пакет за компензација од еден трилион долари за Маск

Трамп најави договор за намалување на цените на водечки лекови за дебелина