Утрински Весник
Свет

Русија потврди дека е извршена размена на зaробеници

Русија потврди дека е извршена размена на зaробеници

Руската комесарка за човекови права, Татјана Москалкова, потврди дека Украина и Русија вчера размениле заробеници.

Москалкова рече дека меѓу заробениците кои се вратиле во Русија имало четворица вработени во државната корпорација за атомска енергија „Росатом“, војници и цивили.

„Тие слетаа во Русија рано наутро“, напиша Москалкова во објава на интернет.

Вицепремиерката на Украина, Ирина Верешчук, вчера изјави дека 12 украински војници се вратиле при размената на заробеници, што е трета ваква размена од почетокот на конфликтот.

„Како дел од договорот, се враќаат и 14 цивили“, додаде Верешчук.

Во саботата се случила и размена на возачи на камиони меѓу Русија и Украина, изјави руската комесарка за човекови права.

Во размената биле вклучени 32 руски возачи на камиони, 20 украински и неколку белоруски возачи.

Москва ги отфрли обвинувањата дека цели на цивили во, како што ја нарекува, специјалната воена операција чија цел е демилитаризација и денацификација на Украина.

Украина и нејзините западни сојузници тоа го нарекуваат неосновано оправдување за војна.

 

 

*Фотографијата е илустрација, а не од конкретниот настан

Можете да прочитате

ЕУ: Украина мора да има право сама да одлучува за својата иднина

Сијарто: Унгарија ја поддржува средбата Трамп-Путин, ЕУ се обидува да ја саботира

Суспендиран пилот на „Изи џет“, шетал во хотел пијан и гол, а следниот ден имал лет