Утрински Весник
Свет

Русија одобри нов лек против коронавирусот

Русија одобри нов лек против коронавирусот

Русија одобри нов антивирусен лек, „коронавир“, за лекување на пациенти со Ковид-19, соопшти во средата руската фармацевтска компанија Р-Фарм, во моменти кога бројот на заразени во земјата надмина 700.000.

Во соопштението на Р-Фарм, која го развила „коронавир“, се вели дека клиничкото испитување, што вклучувало благи до умерени случаи, покажало дека лекот бил многу ефикасен во попречување на репликацијата на новиот коронавирус.

„’Коронавир’ е еден од првите лекови во Русија и во светот кој не се бори против компликациите предизвикани од вирусот SARS-CoV-2, туку против самиот вирус“, наведува Р-Фарм.

Клиничката студија покажала подобрување кај 55% од пациентите кои не биле примени во болница, на седмиот ден од третманот со ‘коронавир’, споредено со 20% кај оние кои примале стандардна терапија.

До петтиот ден од третманот, новиот коронавирус бил елиминиран кај 77,5 проценти од пациентите кои земале ‘коронавир’, тврди Р-Фарм.

Тестирањето започна кон крајот на мај и повеќе од 110 пациенти беа третирани со лекот, соопшти Татјана Ријаженцова, директор за клинички испитувања во Централниот истражувачки институт за епидемиологија на Русија.

Ова е трет лек регистриран во Русија кој го лекува новиот коронавирус. Првиот, „авифавир“, им се дава на пациентите од 11 јуни.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Тројца спасувачи кои трагаа по хеликоптер на Раиси исчезнаа

Со дронови се бара хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси по тешко слетување

Иран ќе гради ѕид на границата со Авганистан