Утрински Весник
Свет

Русија нема да покани странски лидери на големата воена парада во Москва

Русија нема да покани странски лидери на традиционалната воена парада на Денот на победата на 9 мај, соопшти Кремљ.

Дури и белорускиот претседател Александар Лукашенко, близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин, не се очекува на прославата, пренесуваат агенциите. „Колку што знам, тој не планира да дојде“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Не е невообичаено Москва да не покани гости на парадата, рече Песков, додавајќи дека 77-годишнината не е голем настан за славење.

„Тоа нема да биде јубилеј. Тоа е наш празник, свет ден за Русија и рускиот народ. Не поканивме странски лидери“, рече тој, а пренесе агенцијата Тасс.

Пробите за традиционалната парада во која учествуваат околу 11.000 војници на Црвениот плоштад во Москва започнаа оваа недела.

Песков не го спомна тоа, но причината за отсуството на странски шефови на држави и влади оваа година е секако руската инвазија на Украина, анализираат медиумите. Оценуваат дека дури и државниците од земјите кои зазедоа помек став кон Москва веројатно нема да одговорат на повикот да му се покаже поддршка на Путин на таков јавен начин.

Можете да прочитате

Арагчи: Иран ќе ја продолжи програмата за збогатување со ураниум

Израелската армија упадна во складиштата на СЗО во Појасот Газа

Супербактериите би можеле да убијат милиони луѓе до 2050 година