Утрински Весник
Свет

Русија нема да ги казнува граѓаните кои одбиваат да се вакцинираат

Русија нема да ги казнува граѓаните кои одбиваат да се вакцинираат
Dik 300x250 mk

Официјален Кремљ ја отфрли можноста за воведување казни за одбивање вакцинација против корона вирусот, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

– Не, не дозволуваме да се воведат такви мерки во Русија – рече претставникот на Кремљ на прашањето дали Русија би можела да воведе мерки слични на оние што се планираат во Австрија, со кои, како што е најавено, би можеле да почнат да ги казнуваат луѓето што одбиваат да се вакцинираат против коронавирусот, пренесува руската агенција ТАСС.

Виенскиот весник „Ди Пресе“ вчера пишуваше за тековниот закон кој се однесува на воведување задолжителна вакцинација против Ковид-19 во Австрија. Според тој член, последниот закон предвидува глоба до 7.200 евра за одбивање вакцинација.

Предлог-законот треба да биде претставен за една недела, а на двата дома на австрискиот парламент ќе им треба „зелено светло“.

Можете да прочитате

Трамп најави договор за намалување на цените на водечки лекови за дебелина

Германскиот челичен сектор во „егзистенцијална криза“, предупреди Мерц

Во Украина изречена прва доживотна казна за руски војник поради егзекуција на воен заробеник