Утрински Весник
Свет

Русија најави повлекување од Меѓународната вселенска станица

Русија објави дека ќе се повлече од Меѓународната вселенска станица (ISS) по 2024 година за да се фокусира на изградба на сопствена орбитална станица.

dobivaj vesti na viber

Јуриј Борисов, кој беше назначен за шеф на руската државна вселенска компанија Роскосмос претходно овој месец, за време на состанокот со рускиот претседател Владимир Путин рече дека Русија ќе ги исполни своите обврски кон другите партнери пред да се откаже од проектот.

Борисов рече дека „одлуката за напуштање на станицата по 2024 година е донесена“.

НАСА: Русија не ни кажа дека има намера да се повлече од Меѓународната вселенска станица

Русија не ја известила НАСА за нејзината намера да се повлече од Меѓународната вселенска станица во 2024 година, изјави за Ројтерс висок претставник на агенцијата.

Односите меѓу Русија и НАСА се влошија откако тројца руски космонаути се појавија на почетокот на оваа година со знамињата на непризнаените отцепени држави кои ја окупираа источна Украина додека беа на ISS. НАСА објави соопштение во кое се вели дека агенцијата силно се противи на руската употреба на Меѓународната вселенска станица за политички цели за да покаже поддршка за нејзината војна против Украина.

Можете да прочитате

Нетанјаху: Формирањето палестинска држава го загрозува постоењето на Израел

Велика Британија официјално ја призна Палестина како држава

Вонреден состанок на Советот за безбедност утре поради упадот на руски авиони во Естонија