Утрински Весник
Свет

Русија најави отворање на хуманитарни коридори во неколку градови во Украина

Русија најави отворање на хуманитарни коридори во неколку градови во Украина

Русија денеска ќе отвори нови хуманитарни коридори низ неколку украински градови, со цел да се овозможи евакуација на цивили, јавува Би-Би-Си.

Според руското Министерство за одбрана, прекин на огнот ќе биде воспоставен од 10 часот по локално време, а рути за евакуација се поставени во Киев, како и во Харков, Мариупол и Суми.

Украинските власти допрва треба да ги потврдат овие наводи.

За време на викендот пропаднаа двата обида да се отвори рута што ќе им овозможи на цивилите да се евакуираат од Мариупол на југоистокот на земјата, потсетува Би-Би-Си.

Украинските власти соопштија дека тоа се случило бидејќи Русија продолжила да го гранатира градот во договорените часови на прекинот на огнот.

Можете да прочитате

Голема британска банка отпушта 5000 работнции, дел ќе бидат заменети со АИ

Германската армија предупредува на сериозна закана од руска саботажа

Судот во Франција досудува изненадувачки благи казни за обвинетите за немирите