Утрински Весник
Свет

Русија за годинава планира масовно производство на вакцина против коронавирус

Русија за годинава планира масовно производство на вакцина против коронавирус
Img 5587

Русија планира годинава да произведе 30 милиони дози експериментална вакцина против Ковид-19, со можност за производство на уште 170 милиони во странство, изјави за „Ројтерс“ Кирил Дмитриев, директор на рускиот Фонд за директни инвестиции.

Првото испитување на вакцината кај луѓето, кое траеше еден месец и во кое учествуваа 38 лица, заврши неделава. Научниците заклучиле дека е безбедно да се користи и дека предизвикува имунолошки одговор, иако силата на тој одговор е сè уште нејасна.

Ss1

Поголема, трета фаза од испитувањето, во која ќе учествуваат неколку илјади лица, треба да започне во август, рече Дмитриев.

„Веруваме дека врз основа на сегашните резултати, вакцината ќе биде одобрена во Русија во август, а во некои други земји во септември… што значи дека може да стане прва одобрена вакцина во светот“, рече тој.

Повеќе од 100 можни вакцини се развиваат во обид да се запре пандемијата. Најмалку две се во последната трета фаза на човечки испитувања, според Светската здравствена организација (СЗО). Едната ја развива кинескиот „Синофарм“, а другата „АстраЗенека“ и универзитетот Оксфорд.

Извор: makfax.mk

Ss1

Можете да прочитате

Кремљ ги дефинираше како неосновани обвинувањата на САД дека руските сили користеле хемиско оружје во Украина

Кремљ: Неосновани се обвинувањата на САД дека руските сили користеле хемиско оружје во Украина

Невидени поплави во Бразил: „Ова е катастрофа, ќе се влошува“