Утрински Весник
Свет

Русија го запре ловот на мрмоти поради појава на бубонска чума

Русија го запре ловот на мрмоти поради појава на бубонска чума

Откако се појавија можни случаи на бубонска чума, Русија ги интензивираше патролите со цел да го запре ловот на мрмоти на границата со Кина и Монголија.

Властите во Бајан Нур, град во кинескиот регион, издадоа предупредување, откако болницата извести за сомнителна смрт.

Кинескиот регион го забрани ловот и потрошувачката на овие глодари и ја замоли јавноста да ги пријави сите сомнителни случаи.

Монголија, исто така, објави два случаи на бубонска чума поврзана со потрошувачката на мрмоти во западната провинција Ховд минатата недела.

Официјални лица во рускиот регион Амтаи, кој граничи со Казахстан, Кина и Монголија, рекоа дека патролите сега се наоѓаат во оваа област за да се запре ловот на мрмоти и да ги предупредат луѓето за опасноста, пренесува „Гардијан“.

Бубонската чума, позната и како „црна смрт“, е многу заразна и често фатална болест која најчесто се пренесува од глодари. Сепак, може да се третира со антибиотици, а епидемиите на оваа болест станаа исклучително ретки.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Над 700 луѓе загинаа во израелските напади низ Либан

Tрамп најави нови напади во Иран следната недела

Единствената фабрика за вештачки ѓубрива во Романија се затвора