Утрински Весник
Свет

Русија ги повика ОН и Црвениот крст да го истражат масовното убивање на воени заробеници

Русија повика  експерти од Обединетите нации и Црвениот крст да ја истражат смртта на десетици украински воени затвореници во затвор што го држат проруските сепаратисти, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

dobivaj vesti na viber

Министерството во соопштението наведува дека постапува „во интерес на спроведување објективна истрага“ за нападот врз затворот на почетокот на неделата.

Сепаратистите соопштија дека се убиени 53 затвореници и го обвинија Киев за гранатирање на затворот. Вооружените сили на Украина ја отфрлија одговорноста, велејќи дека руската артилерија го гаѓала затворот за да ја прикрие злоупотребата на затворениците.

Можете да прочитате

Зеленски: Ни понудија членство во НАТО, ако се откажеме од Донбас

ИРГК: Иран има ракети со двотонски боеви глави и дострел од 1.500 км

Мајкрософт се врати во нормала