Утрински Весник
Свет

Русија ги демантира САД: Не сме добиле повик за разговор меѓу Блинкен и Лавров

Dik 300x250 mk

Москва официјално демантираше дека добила барање од Вашингтон за телефонски разговор меѓу двајцата министри за надворешни работи, Антони Блинкен и Сергеј Лавров.

dobivaj vesti na viber

„ Покрај медиумските извештаи за потенцијалниот разговор, ништо не знаеме и не сме добиле никакво официјално барање“, соопштија од Москва.

Американската страна претходно изјави дека Блинкен има намера да разговара со својот руски колега Лавров првпат по руската инвазија на Украина. Наведено е и дека разговорот не треба да биде за преговори за Украина, туку за Американците приведени во Русија и за обновување на украинскиот извоз на жито.

„ Ние во Русија се водиме од вообичаената дипломатска практика“, додаваат од Москва, додека американските медиуми нагласуваат дека САД се подготвени да го разменат Виктор Бут, руски трговец со оружје затворен во САД, кој е осуден на 25 години затвор, за кошаркарката Бритни Гринер и маринецот Пол Вилан, кои се затворени во Русија.

Можете да прочитате

Украински дронови погодија руски нафтен терминал

Белата куќа објави детали од трговскиот договор меѓу САД и Кина

Нигерија ја прифати американската помош против бунтовниците