Утрински Весник
Свет

Русите ја гранатираат Одеса, тврди украинската армија

Украинската армија тврди дека руските сили денеска ја ракетираат Одеса.

Во соопштението на украинската армија се наведува дека четири високопрецизни ракети „Оникс“ биле истрелани од полуостровот Крим кој е под руска контрола кон областа Одеса во јужна Украина.

„Ројтерс“ јави дека детали за оваа акција не се соопштени.

На социјалните мрежи се појавија и видеа од сирени за воздушен напад во Киев, во моментите додека рускиот претседатл Владимир Путин одржуваше говор на парадата по повод Денот на победата на Црвениот плоштад во Москва.

Можете да прочитате

Хорор во Италија: Татко двапати го избодел својот 12-годишен син во градите

Белгија: Неколку лица загинаа во судир меѓу училиштен автобус и воз

Иран ги предупреди САД за кршење на прекинот на огнот