Утрински Весник
Свет

Русите упаднаа во железарницата Азовстал

Руските сили успеаја да пробијат длабоко во Азовстал во Мариупол и најверојатно ќе дејствуваат во внатрешноста на железарницата, соопшти Институтот за проучување на војната во својата проценка за воената ситуација во Украина, пренесува Дневен аваз.

Веста доаѓа по неколкудневните жестоки борби во железарницата, каде што се држат последните украински борци во градот, заедно со стотици цивили.

Американскиот институт исто така додаде дека одбраната на Украина во голема мера го запрела напредувањето на Русија на истокот од земјата. Досега, украинската армија ги спречуваше руските сили да се приклучат на нивните офанзиви југоисточно од Изум и западно од линијата на фронтот Доњецк-Луганск.

Во западна Украина, пропаднаа и руските обиди да ја прекине помошта за Украина од западните земји и да ги забави напорите за повторно снабдување со оружје, тврди институтот.

Руските сили во четвртокот ги интензивираа воздушните напади врз транспортната инфраструктура во близина на железничките станици во Лавов и Закарпатија, но на крајот не предизвикаа сериозна штета, објави Дневен аваз.

Можете да прочитате

Орбан: За мир во Украина потребна е средба меѓу Путин и Трамп

Амнести Интернешнл: Израелскиот предлог за „хуманитарен град“ е намера за воени злосторства

Нојман: Употребата на дронови во војната во Украина „не е пример“ за воздушните способности на НАТО