Утрински Весник
Свет

Русите тврдат дека користеле хиперсонично оружје

Русите тврдат дека користеле хиперсонично оружје

Русија соопшти дека користела хиперсонично оружје за да уништи подземно воено складиште во западна Украина. Хиперсоничните проектили се брзо оружје што може да избегне откривање oд системите за противракетна одбрана.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека уништило големо подземно складиште за ракети и противвоздушна муниција во украинската област Ивано-Франкивск, пренесе новинската агенција „Интерфакс“.

Министерството соопшти дека уништило и радио и извидувачки центри на украинската војска во близина на пристанишниот град Одеса користејќи го крајбрежниот ракетен систем, пренесе „Интерфакс“.

Овие тврдења не се независно потврдени.

Можете да прочитате

Зеленски: Територијалните прашања остануваат пречка во преговорите

Шестмина избодени со нож во Антверпен

Премиерот на Гренланд порача дека само Гренланд и Данска имаат мандат да склучуваат договори за островот