Утрински Весник
Спорт

Русите не планираат „преселба“ во Азиската конфедерација

Img 5587

Претседателот на Рускиот фудбалски сојуз (РФУ), Александер Дјуков ги отфрли шпекулациите дека се подготвени да се преселат од УЕФА во Азиската фудбалска конфедерација (АФЦ) откако УЕФА ја продолжи суспензијата на руските клубови и репрезентации на сите натпреварувања и следната сезона по совет на Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ).

„Не ја разгледуваме таа опција. Ние сме членови на УЕФА и ќе останеме членови. Имаше многу шпекулации дека ќе има исфрлање на РФУ од УЕФА, но тоа беа само шпекулации. Учествувавме на конференцијата, во извршнито комитет“, изјави Дјуков.

Ss1

И претседателот на УЕФА, Словенецот Александер Чеферин смета дека таков потег нема да донесе ништо добро.

„Идејата за приклучување на Азија сигурно доаѓа од некој политичар, а не од руската федерација. Со таков потег, рускиот фудбал би се вратил назад 100 години“, изјави Чеферин.

> Русите не планираат „преселба“ во Азиската конфедерација <

Ss1

Можете да прочитате

Шкендија ги искористи киксовите на Струга и Шкупи да им се придружи на врвот

Штербик доживеал срцев удар – 24info.mk

Ѓоковиќ се раздели со уште еден тренер од својот тим