Утрински Весник
Свет

Русите го уништија главното складиште за гориво во Киев

Русите го уништија главното складиште за гориво во Киев

Вооружените сили на Русија во ракетен напад го уништија главното складиште за гориво во близина на Киев, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

Портпаролот на Министерството, Игор Конашенков, на прес-конференција изјави дека нападот се случил синоќа, а во него биле користени крстосувачки ракети „Калибар“, кои биле истрелани од морето, пренесува „Ројтерс“.

Конашенков изјавил и дека складиштето се користело за снабдување на украинските вооружени сили во централниот дел на земјата, пренесе „Ројтерс“, истакнувајќи дека не е можно самостојно да се проверат овие информации на руското министерство.

Можете да прочитате

Дрон во близина на авионот на Трамп: Итно затворен аеродромот во Палм Бич

ДВА УКРАИНСКИ ДРОНА СЕ СРУШИЈА ВО ФИНСКА: Хелсинки спроведува истрага за „сериозната повреда на територијата“

ЕВРОПСКИТЕ ЛИДЕРИ ЈА ОСУДИЈА ОДЛУКАТА НА ИЗРАЕЛ: На патријархот на Ерусалим му беше забранет влез во црквата на Светиот Гроб за Цветници