Утрински Весник
Свет

Русите го зазедоа Лисичанск, на украинските сили им е наредено да се повлечат

Министерството за одбрана на Велика Британија денеска соопшти дека украинските сили продолжуваат да ја држат својата позиција во источниот град Лисичанск.

Според извештајот, борбите најверојатно ќе бидат концентрирани на нафтената рафинерија Лисичанск, која се наоѓа на 10 километри југозападно од центарот на градот. Се додава дека руските сили бележат ограничен напредок, додека се обидуваат да ги опколат украинските сили, напредувајќи од правец на Изум.

Офицерот на Народната милиција на самопрогласената Луганска Народна Република (ЛНР), Андреј Мароко изјави денеска дека на украинските вооружени сили во и околу Лисичанск им било наредено да се повлечат.

Сите главни транспортни рути кои водат до и од Лисичанск и целата територија на најголемата рафинерија за нафта во тој град во самопрогласената Луганска Народна Република (ЛНР) се под контрола на руските сили, соопшти денеска амбасадорот на ЛНР во Москва, Роџон Мирошник.

„ Сите главни транспортни рути до и од Лисичанск се под контрола на руските и силите на ЛНР, така што е невозможно да го напуштат џебот на Лисичанск“, напиша Мирошник на Телеграм.

Според него, украинските сили се обиделе да побегнат од градот преку предградијата на северозападот, но биле забележани и гранатирани од руските сили.

Можете да прочитате

Светска банка: Расте јазот меѓу богатите и сиромашните земји

Јордански министер: Нетанјаху се обидува да го префрли фокусот од Газа на конфликтот со Иран

Макрон ја повика Русија на примирје за време на Олимпијадата, Кремљ „ладно реагираше“