Утрински Весник
Спорт

Русинка го „измами“ Вимблдон, ќе настапи на турнирот

Dik 300x250 mk

На десет дена пред почетокот на Вимблдон, руската тенисерка Натела Џаламидзе го промени државјанството. Со тоа Џаламидзе успеа да ја заобиколи забраната за учество на играчи и играчи од нејзината земја на Вимблдон.

29-годишната тенисерка, моментално се наоѓа на 44. место во светот, во конкуренција на двојки.

Џамалидзе на Вимблдон ќе се натпреварува под знамето на Грузија, а партнерка на Вимблдон ќе биде најдобрата српска тенисерка Александра Круниќ.

Не е познато кога Џаламидзе побарала промена на државјанството, но познавачите на случајот за „Тајмс“ велат дека таа ги исполнила потребните услови.

„Ол Ингланд клубот“ на 20. мај објави дека спортистите од Русија и Белорусија нема да можат да учествуваат на третиот Грен слем турнир во сезоната, година поради инвазијата на Украина.

Вимблдон ќе започне на 27.јуни.

> Русинка го „измами“ Вимблдон, ќе настапи на турнирот <

Можете да прочитате

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс

Почина екс тренерот на Шкупи, колабирал на терен

Лос Анџелес Доџерс ја одбранија титулата