Утрински Весник
Свет

Русикото министерство најави дека ќе напаѓа цели во Киев

Русикото министерство најави дека ќе напаѓа цели во Киев

Руското Министерство за одбрана издаде предупредување до жителите на Киев кои се подготвува за напад врз мети во главниот град на Украина, јавува Би-Би-Си.

Во соопштението објавено попладнево, руските власти најавија дека нивните сили се подготвуваат да извршат „напади со висока прецизност“ врз технолошките центри на украинската служба за безбедност.

„Ги повикуваме граѓаните на Украина кои националистите ги користат за провокации против Русија, како и жителите на Киев кои живеат во близина на радиокомуникациските станици, да ги напуштат своите домови“, се додава во соопштението.

Официјални лица тврдеа дека нападите се со цел да „спречат информациски напади врз Русија“.

Можете да прочитате

Зеленски: Европските земји да ја блокираат и запленат руската нафта

Трамп: Иран да „се вразуми пред да биде предоцна“

Пловидбата низ Ормуската Теснина под контрола на Иран, осигурувањето драстично поскапе