Утрински Весник
Спорт

Руни не е во „војна“ со раководството на Дерби

Руни сака да се врати на „Олд Трафорд“
Dik 300x250 mk

Дерби, 24 април 2020 (МИА) – Поранешниот капитен на англиската репрезентација Вејн Руни не води „војна за плати“ со Дерби Каунти, откако тимот од Чемпионшип дивизијата се обидува да излезе од финансиската криза предизвикана од пандемијата од коронавирус.

Триесет и четири-годишниот поранешен напаѓач на Евертон и Манчестер Јунајтед е во преговори со раководството на „овните“ во име на неговите соиграчи на предлог на клубот за намалување на платата на играчите за 50 проценти.

– Наводите дека Вејн е во „војна“ со клубот се и погрешни и залудни“, изјави за Би-Би-Си портпаролот на Руни.

Повеќето клубови преговараат со своите играчи за привремено намалување на платите.

– Како дел од овие дискусии, совршено е правилно и нормално Вејн да биде во првите редови, тој е еден од најискусните и нема никакво двоумење за тоа што треба да се направи, рече неговиот портпарол.

Руни, кој се пресели во Дерби во јануари, е врската помеѓу раководството и тимот на „овните“.

Поранешниот репрезентативец на Англија веќе изјави дека притисокот од клубовите врз играчите да ги намалат нивните плати е „срамен потег“.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ѓоковиќ ја освои 101та титула

Марко Трајановски ќе го брани Македонското знаме во Виена, Австрија

Легендарна скокалница од Светскиот куп заминува во историја