Утрински Весник
Спорт

Румениге: Го сакам Мбапе, но Баерн нема да се трка за неговиот потпис

Румениге: Го сакам Мбапе, но Баерн нема да се трка за неговиот потпис

Претседателот на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге, во интервју за француски „Фигаро“, рекол дека неговиот клуб никогаш нема да може да го донесе Килијан Мбапе.

Мбапе, има договор со ПСЖ до јуни 2022 година. Тој не сака да ја продолжи соработката, а медиумите шпекулираат дека ќе се пресели во Реал Мадрид. Интерес за младиот напаѓач има и кај уште неколку богати клубови, Баерн иако нема проблем со финансиите, нема да се вклучи во трката по неговиот потпис.

„За жал незамислив е неговиот трансфер во Баерн“, рекол Румениге.

„Го сакам Мбапе и неговиот стил на игра, но Баерн никогаш нема да може да го донесе“.

Трансферот на Мбапе во Баерн не е возможен поради клупската политика. Во Баерн веруваат дека ниту еден играч не вреди повеќе од 100 милиони евра.

ПСЖ за Мбапе издвоија 180 милиони евра и тој трансфер е вториот најскап во историјата на фудбалот.

Кога станува збор за Баерн, клупски рекорд е трансферот на Лукас Ернандез. Во 2019 година Баварците на Атлетико им платија 80 милиони евра.

> Румениге: Го сакам Мбапе, но Баерн нема да се трка за неговиот потпис <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

ФИФА загрижена поради слабиот интерес за Светското првенство 2026

Галатасарај убедлив против Јувентус, ПСЖ со пресврт го совлада Монако

Стартува плејоф фазата во Лигата на Шампиони