Утрински Весник
Македонија

(Видео) Мисајловски: Ќе поднесеме многу амандмани за суштински промени на Законот за државјанство

(Видео) Мисајловски: Ќе поднесеме многу амандмани за суштински промени на Законот за државјанство

Законот за државјанство мора суштински да се промени и ние ќе дадеме многу амандмани и се надевам заедно ќе го смениме текстот, рече Владо Мисајловски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ говорејќи на денешната собраниска седница.

„Со тројца сведоци било од каде можат да кажат за некој и тој да си земе македонско државјанство. Се менува редот и поредокот, затоа ова не е добар закон и затоа граѓаните треба да знаат дека овој закон не е поминат“, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ во врска со измените на Законот за државјанство во предложената форма од страна на Алијанса и Алтернатива.

Мисајловски укажа дека брзите постапки за носење закони прават голема штета на сите.

„Знаете што ќе се случува, многу луѓе од многу различни краеви ќе си добиваат државјанство. Се ќе се смени, цел поредок. Со тие ваши брзи постапки се прават многу грешки. Се надевам ќе добиеме поддршка и се надевам на поддршка затоа што ќе имаме фантомски партии, фантомски гласачи. И не спорам дека некои треба да добијат државјанство, но треба да има основана и јасна процедура“, рече тој, додавајќи дека добро е што претставници од коалицијата на СДСМ не се согласуваат со предложените измени.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Апелација ја укина затворската казна за убиството на кучето Феликс – осудениот ќе плати 1.800 евра

Сиљановска-Давкова до жените во технологијата: „Ако можев јас да станам претседателка, може и секоја од вас“

Регионот копа бакар, во Македонија „Иловица-Штука“ останува блокирана