Утрински Весник
Македонија

РСБСП: Родителите да го исполнат времето на децата со едукативни активности

РСБСП: Родителите да го исполнат времето на децата со едукативни активности

Скопје, 17 март 2020 (МИА) – Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), поради ограниченото движење на децата препорачува родителите да бидат активни, креативни и да го исполнат времето на децата со едукативни активности и содржини.

Од РСБСП препорачуваат да се користи веб-страната за деца https://semaforko.mk/ каде што, како што наведуваат во соопштение, децата на креативен и забавен начин може да научат многу нешта за патниот сообраќај.

-Ова е време кога можете и треба да поработите заедно со децата и да ги научите како треба да се однесуваат со цел да бидат безбедни во сообраќајот. Во таа насока потенцираме дека сообраќајната едукација на децата никогаш не е доволна и никогаш не е досадна, информира РСБСП.

Како што појаснуваат, на веб страната може да се најдат совети за децата за безбедно учество во сообраќајот, боенки со мотиви од сообраќајот, сообраќајно едукативна литература за деца, едукативни видео спотови за деца, тест за проверка на знаењето од областа на сообраќајот, корисни совети за родителите и други креативни содржини

-Време е да се обноват знаењата во сообраќајот. Безбедни учесници во сообраќајот уште од најрана возраст, се наведува во соопштението на РСБСП.бт/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме