Утрински Весник
Спорт

Рој Џонс Јуниор и Кличко во расправија за украинската војна

Рој Џонс Јуниор, една од најголемите боксерски легенди, „удри“ по поранешниот украински шампион во тешка категорија, Владимир Кличко, кој јавно изјави дека боксерот нема „морален компас“ поради поддршката која ја дава на Русија.

Американецот Џонс боксуваше во Русија четири пати пред крајот на својата блескава кариера во која освои титули во четири различни категории (од средно-тешка до тешка категорија), пред во 2015 година да земе и руско државјанство, велејќи дека сака да ги подобри руско-американските односи и посочувајќи деа во Русија „повеќе го респектираат“.

По почетокот на војната во Украина, Кличко го нападна Џонс откако двајцата беа примени во Куќата на славните на боксот, праќајќи порака преку социјачните мрежи.

„На чија страна си? На страната на агресорот, или на страната на тој кој го брани своето право на живот? Те почитувам како боксер, но навистина се сомневам дека имаш морален компас“, изјави Кличко.

На Џонс не му се допаѓаше ова.

„Имам луѓе од двете страни на оградата. Не сакам да гледам како некој умира. Имам сакани на двете страни на оградата. Ме сфаќате? Деца на ова страна, луѓе на таа страна. Како да ви кажам дека Русија е виновна? Или дека Украина е виновна? Немам поим кој е во право и не ми е грижа бидејќи тоа не е моја работа и не сум политичар. Ако мислиш дека можеш да се тепаш со мене во рингот, тоа е друго. Јас уште боксувам. Ако го сакаш тоа, тогаш можеме да влеземе во рингот веднаш“, изјави Џонс, кој последен пат беше во рингот во егзибицискиот меч со Мајк Тајсон на крајот на 2020 година.

> Рој Џонс Јуниор и Кличко во расправија за украинската војна <

Можете да прочитате

Влаховиќ ја разбуди „старата дама“

Алкалоид без проблеми ја преслуша Струга

Зидан и Баерн се пред крај со преговорите за отпочнување на четиригодишна соработка