Утрински Весник
Македонија

Рот: Бугарија e осамена во ветото

Рот: Бугарија e осамена во ветото

Германскиот министер за Европа, Михаел Рот, денеска истакна дека запирањето на напредокот на Северна Македонија кон е ЕУ е тешка политичка грешка, и рече дека Бугарија e осамена во ветото.

Рот истакна дека останатите 26 членки не се согласиле со бугарските билатерални барања.

Тој е загрижен дека ветото може да предизвика проблеми во безбедноста во регионот и во Европа, но се надева дека прашањето набрзо ќе биде решено.

„Европската Комисија предложи преговарачка рамка, прашањето е кога, а не дали таа ќе биде усвоена. Би сакал да испратам оптимизам и прилично сум сигурен дека нашите партнери во Скопје нема да се обесхрабрат“, рече Рот на прес-конференцијата.

Рот изрази увереност дека во следните месеци за време на португалското претседателство ќе се најде решение за Северна Македонија.

Бугарија денеска на состанокот на Советот на министри во Брисел го блокираше усвојувањето на преговарачката рамка за Северна Македонија. Од македонската Влада велат дека националниот идентитет не бил, и не е возможно е да биде предмет на преговори, а потегот на Бугарија го оценуваат како неодговорна и тешка геостратешка грешка.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Со Мицкоски Македонија е во ранг со Сомалија, велат од СДСМ

Ристески: Ако СДС беше сериозна партија немаше да си дозволи ваква деструктивност и ќе беше дел од лидерската средба 

СДСМ: Техничката влада мора да остане, условите во општеството се како во 2016 година