Утрински Весник
Спорт

Роси има намера да ја продолжи кариерата во Мото ГП

Роси: Јамаха конечно ни го дава она што го сакаме веќе 2 години

Рим, 25 април 2020 (МИА) – Шампион во Мото ГП, пилотот на Јамаха, Валентино Роси, објави дека тој ќе ја продолжи својата тркачка кариера во 2021 година.

– Јас сум во тешка ситуација затоа што сакам да продолжам да учествувам во трките, имам мотивација. Неопходно е да се одлучи пред да започне сезоната 2020. Веројатно е подобро да останам уште една сезона и да заминам во 2021 година. Во принцип, се надевам дека ќе продолжам да настапувам уште една година, изјави Роси.

Четириесет и едногодишниот Роси е дел од Мото ГП од 2000 година, Италијанецот е седумкратен светски шампион. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ФИФА може да ги одложи баражите за СП 2026 година во Мексико поради немирите во земјата

Душко Стојановски едногласно избран за нов претседател на Македонската БЏЏ Федерација! 

ЗОИ2026: Норвешка со најмногу медали