Утрински Весник
Спорт

Росел бара државата да го обесштети со 30 милиони евра

Росел бара државата да го обесштети со 30 милиони евра

Поранешниот претседател на Барселона Сандро Росел ја тужел државата и побарал да му бидат исплатени 30 милиои евра. Росел бил обвинет за дела за кои подоцна бил ослободен, а бара државата да го обесштети бидејќи две години бил зад решетки.

„Мундо Депортиво“ пишува дека Росел бара да го обесштетат судијата, полицијата и обвинителството, односно оние кои го седнале на обвинителната клупа. Росел кој беше претседател на Барселона во нејзините најславни денови беше обвинет за перење пари.

Вкупно Росел бара 29.754.465,02 евра. Росел пресметал дека додека бил во затвор му трпел бизнисот и дека изгубил 28.062.950 евра. Исто така тој бара 405.000 евра за нарушување на угледот, 320.000 за емоционалниот шок што го претрпел додека бил зад решетки и 200.000 евра за претрпен психички стрес.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Турскиот Самсунспор славеше против Шкендија во Скопје

Тројца тенисери ослободени од обвинение за прекршување на антидопинг правилата

ЗОИ 2026: Прво олимписко злато за Шпанија