Утрински Весник
Спорт

Роналд Куман примен во болница поради проблеми со срцето

Роналд Куман примен во болница поради проблеми со срцето

Амстердам, 3 мај 2020 (МИА) – Селектророт на Холандија, Роналд Куман беше примен во болница откако се пожалил на болки во градите. 57-годишниот стратег е во добра состојба, изјави неговиот агент.

Тој бил однесен со брза помош во болница во Амстердам, каде што бил подложен на срцева катетеризација. Постапката се користи за дијагностицирање на кардиоваскуларни заболувања.

Се очекува дека Куман ќе биде испишан утре. Во изјавите на менаџерската агенцијат се додава дека ќе му треба неколкудневен одмор.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Млада велосипедистка се бори за живот по пад на трка на СП

Член на обезбедувањето тајно го фотографирал Шумахер и семејството го уценувал со 15 милиони евра

Стеван Јоветиќ потпиша за кипарска Омонија