Утрински Весник
Спорт

Роналдо се збогувал со соиграчите и си заминал од тренинг-комплексот на Јуве

Роналдо се збогувал со соиграчите и си заминал од тренинг-комплексот на Јуве

Португалскиот ас, Кристијано Роналдо утринава не учествувал на тренингот на Јувентус од 10.45 часот утринава.

Претходно, тој, според информациите на италијанските медиуми, дошол во тренинг-комплексот на Јувентус „Континаса“, каде се збогувал од соиграчите и триесетина минути подоцна го напуштил местото.

Информациите се дека Роналдо вечерва ќе отпатува за Манчестер, каде што по прегледите ќе потпише договор со „граѓаните“.

Тој инсистираше да ја промени средината, а од Сити прифатиле да платата отштета од околу 30 милиони евра.
Роналдо три години го носеше дресот на „Старата дама“, одигра 134 натпревари и постигна 101 гол.

> Роналдо се збогувал со соиграчите и си заминал од тренинг-комплексот на Јуве <

Можете да прочитате

Сабаленка влезе во историјата го освои Саншајн Дабл

Претседател на македонски фудбалски клуб фатен со шверцувано злато во Турција

Иранските спортисти добија забрана за патување во „непријателски земји“