Утрински Весник
Спорт

Роналдо се врати во Торино

Роналдо се врати во Торино
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Торино, 5 март 2020 (МИА) – Португалскиот фудбалски ас Роналдо се врати во Торино и се приклучи на денешниот тренинг на екипата на Јувентус по денот минат во неговата родна земја поради мозочниот удар на неговата мајка.

„Кристијано учествуваше во денешниот тренинг со екипата“, се наведува на официјалната интернет страница на Јувентус.

Роналдо соопшто дека мајка му е во стабилна состојба по хируршката интервенција и добро се рехабилитира во болнички услови. На болницата, во која таа се лекуваше и од рак на дојка во изминатите години, ѕвездата на Јувентус донира 100.000 долари. сѓд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Гвардиола: Секој што ќе се врати со вишок килограми нема да оди во Нотингем

Алвеш купува португалски третолигаш – 24info.mk

ФИФА ранг-листа: Македонската репрезентација ја заврши 2025. на 66. место