Утрински Весник
Македонија

Одложена традиционалната спортско-рекреативна манифестација „Тодорови трки“ во Виница

Одложена традиционалната спортско-рекреативна манифестација „Тодорови трки“ во Виница

Виница, 5 март 2019 (МИА) – Општина Виница го одложи одржувањето на традиционалната спортско-рекреативна манифестација „Тодорови трки“ како превентивна мерка против корона вирусот.

Настанот што беше планиран за претстојниот викенд ќе биде презакажан за друг погоден термин, во зависност од состојбата со заболувањето на граѓаните во земјите од регионот.

– Согласно препораките на Владата за откажување на сите јавни собири поради епидемиолошката ситуација со корона вирусот, годинава манифестацијата „Тодорови трки“ нема да се одржи на 7 март, односно на верскиот празник Тодорова сабота, како што претходно беше најавено. Имајќи го предвид масовниот карактер на настанот кој анимира голем број граѓани од сите возрасти, а заради заштита и на активните учесници и на оние што присуствуваат како публика, датумот за оддржување останува отворен, се наведува во писменото известување од локалната самоуправа на Виница.

Од Општина Виница додаваат дека ќе ги следат препораките од надлежните државни институции за превентивно дејствување против корона вирусот, а датумот на одржување на „Тодорови трки“ дополнително ќе биде најавен.

Организатор на манифестацијата, што за првпат се одржала во 1926 година, е локалната самоуправа на Виница со поддршка од стопанскиот сектор од регионот. Учесниците на трките вообичаено се натпреваруваат во десет дисциплини во повеќе возрасни категории. та/мч/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Директорот на Царина: Наш највисок заеднички интерес е создавање силни безбедносни коалиции во борбата со илегална миграција и сериозен криминал

Над 2 милиони евра само за хонорари на артистите – објавени трошоците за прославата на независноста

ПЕТ центарот ќе работи за викенди и празници, со цел да се намали времето на чекање