Утрински Весник
Спорт

Роналдо се врати во Италија и замина во двонеделен карантин

Роналдо почна да учи во изолација
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Торино, 5 мај 2020 (МИА) – Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо, се врати во  Торино со приватен авион.

Португалецот ќе треба да помине две недели во самоизолација, по што ќе може да продолжи со тренинзите со тимот.

Претходно беше објавено дека фудбалерот летал кон Италија преку Мадрид, но во главниот град на Шпанија не му била дадена дозвола да лета понатаму, поради што пристигнувањето во Италија доцнело.

Роналдо помина подолго време во родната Португалија со семејството за време на пандемијата на коронавирус.
Се претпоставува дека тимските тренинзи на клубовите во Серија А ќе продолжат на 18 мај. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мурињо може да го стопира трансферот на Отаменди во Барселона

Ново шоу и трипл-дабл на Јокиќ во победа на Денвер

Муарем нов тренер на Работнички