Утрински Весник
Спорт
Img 7972

Роналдо: Сер Алекс ова е за тебе

Роналдо: Сер Алекс ова е за тебе
300x250 opst2

Кристијано Роналдо се огласи на Инстаграм, откако Манчестер јунајтед го потврдија неговиот трансфер.

„Сите оние што ме познаваат знаат колкава е мојата љубов кон Манчестер јунајтед. Годините минати во овој клуб се незаборавни. Заедничкиот пат што го имавме е испишан со златни букви во клупската историја. Не можам да опишам како се чувствувам во моментов. Го остварив сонот. Секогаш кога се враќав овде да играм против Јунајтед чувствував љубов и почит од навивачите“, пишува Роналдо и потоа се потсетува на годините минати на „Олд Трафорд“.

„Мојот прв трофеј во Премиер лигата, првиот ФА куп, Лигата на шампиони, повикот во репрезентацијата на Португалија, Златната копачка, Златната топка. Сите овие работи дојдоа поради конекцијата што ја имав со „црвените ѓаволи“. Историјата е испишана во минатото и историјата повторно ќе биде испишана. Ветувам. Овде сум, се вратив таму каде што припаѓам. П.С. – Сер Алекс ова е за тебе“.

> Роналдо: Сер Алекс ова е за тебе <

Можете да прочитате

Барди со мајсторски потег ја спаси вечерта – Македонија ремизира со Казахстан!

Барселона ќе ја чека пекол во Битола – влезниците продадени за осум минути

Арената се полни, Македонија ќе го пречека Казахстан пред полн стадион