Утрински Весник
Магазин

Роналдо израснал во сиромаштија, немал пари ниту за хамбургер

Роналдо израснал во сиромаштија, немал пари ниту за хамбургер
Dik 300x250 mk

Кристијано Роналдо во понеделникот објави дека му починал новородениот син, а поради трагедијата фудбалерот го пропушти синоќешниот натпревар на Манчестер со Ливерпул. Неговата партнерка Георгина и тој се уништени од загубата на синот близнак, но, како што напишаа во соопштението за медиумите, раѓањето на ќерката им дава сила.

Португалскиот фудбалер има пет деца, а откако стана татко не крие дека се труди на своите деца да им пружи детство кое тој го немал.

Роналдо денес е еден од најдобрите и најбогати фудбалери во светот. Дојде на врвот на светот од дното. Израснал во екстремна сиромаштија со татко алкохоличар со кој никогаш не успеал да воспостави близок однос.

Роналдо во една пригода му призна на новинарот Пирс Морган дека никогаш не бил близок со татко му. „Никогаш не бевме блиски. Многу често беше пијан. Никогаш не разговарав со него. Беше тешко.“

Фудбалската ѕвезда во таа прилика изјави дека како момче просел хамбургери од „Мекдоналдс“. Ова се случувало во раните 2000, кога Роналдо играше во младинските екипи на Спортинг Лисабон.

„Бевме гладни. Имаше ‘Мекдоналдс’ покрај стадионот, тропавме на задната врата и прашувавме дали им останал некој хамбургер“, рече Роналдо, и додаде дека би сакал да ги најде луѓето кои му давале хамбургери, да ги покани кај него дома на вечера  и да им се заблагодари.

Роналдо, според некои податоци, денес тежи милијарда фунти.

Во една пригода го однел својот најстар син во старата семејна куќа. Момчето било изненадено од собата во која пораснал неговиот татко. Роналдо подоцна вложил неколку милиони фунти и старата куќа ја претворил во вила на седум ката.

Можете да прочитате

„Гугл“ привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

Седмо издание на „Андерфест“ – рок енергија што расте секоја година

Ако сте имале токсични родители, нема да ги паметите овие работи од вашето детство