Утрински Весник
Спорт
Img 7972

„Роналдо за 18 месеци ќе биде тренер на Манчестер јунајтед“

„Роналдо за 18 месеци ќе биде тренер на Манчестер јунајтед“
Dik 300x250 mk

Поранешниот менаџер на Тотенхем, Тим Шервуд е убеден дека Кристијано Роналдо за 18 месеци ќе биде новиот тренер на Манчестер јунајтед.

Роналдо, последните денови од преодниот рок, по 12 години се врати на „Олд Трафорд“. Со Манчестер јунајтед потпиша двегодишен договор, со опција соработката да биде продолжена на уште една година.

Роналдо во првите три натпревари за Јунајтед постигна четири гола. И покрај одличната форма во која се наоѓа, Шервуд смета дека Португалецот наскоро ќе ја заврши фудбалската и ќе започне тренерска кариера.

Шервуд смета дека Роналдо ќе го наследи на клупата Оле Гнар Солскјер, кој се наоѓа по постојан притисок во јавноста.

„Го гледам Роналдо на тренерската позиција во Манчестер јунајтед за 18 месеци. Забележавте дека на Европското првенство им делеше совети на играчите. 100 отсто ќе биде тренер. Кога и да ја заврши кариерата, веднаш потоа ќе започне да работи како тренер. Ако ја освои Премиер лигата или Лигата на шампиони, тогаш Солскјер ќе остане во клубот, во спротивно Јунајтед ќе добијат нов тренер“, рекол Шервуд.

> „Роналдо за 18 месеци ќе биде тренер на Манчестер јунајтед“ <

Можете да прочитате

Барди со мајсторски потег ја спаси вечерта – Македонија ремизира со Казахстан!

Барселона ќе ја чека пекол во Битола – влезниците продадени за осум минути

Арената се полни, Македонија ќе го пречека Казахстан пред полн стадион