Утрински Весник
Спорт

Роналдо го спаси Јунајтед против Норич, нов кикс на Арсенал

Роналдо го спаси Јунајтед против Норич, нов кикс на Арсенал

Арсенал не успеа да го искористи киксот на Тотенхем и да се врати на четвртото место на табелата во Премиер лигата. „Тобџиите“ дозволија да ги скокне и Манчестер јунајтед, по тешката победа над Борич.

Арсенал се во криза, тоа го потврдија со поразот во Саутемптон (1:0). Овој пораз е четврти на последните пет натпревари, за тимот на Микел Артета. Саутемптон го победија Арсенал со голот на Бендарек во 45.минута.



Манчестер јунајтед не блескаа, испуштија предност од два гола против Норич, на крајот победија благодарение на хет-трикот на Кристијано Роналдо.

Португалецот постигна два гола во седмата и 32.минута, Норч намалија во 45.минута преку Довел, а Пуки израмни во 52.минута. Роналдо спречи нов резил на Јунајтед со голот во 76.минута.

За Португалецот ова беше втор хет-трик на последните пет натпревари, претходно три гола постигна против Тотенхем.

Манчестер јунајтед и Арсенал имаат по 54 бода, три помалку од Тотенхем.

Драматичен натпревар одиграа Вотофорд и Брентфорд. Победи екипата од Лондон со 2:1, со колот на Јонсон во 96.минута.

> Роналдо го спаси Јунајтед против Норич, нов кикс на Арсенал <

Можете да прочитате

Новак Ѓоковиќ стана првиот тенисер со 400 победи на грен слем турнирите

Ѓоковиќ без борба четвртфиналист на Австралија опен

АО: Тиен со совлада Медведев за прво грен слем четвртфинале