Бранителот на шампионската титула на Стариот континент – Португалија синоќа по поразот од Белгија со 1-0 го заврши настапот на ЕУРО 2020. Разочаран по поразот се обрати капитенот, Кристијано Роналдо:
„Не го постигнавме посакуваниот резултат и го напуштивме натпреварувањето пред да го сакаме тоа. Сепак, горди сме на нашиот пат, дадовме се за да ја одбраниме титулата европски шампион и оваа екипа покажа дека уште многу радости може да им донесе на Португалците. Нашите навивачи беа неуморни поддржувачи на тимот од почетокот до крајот. Трчавме и се боревме за нив, за да ја оправдаме довербата која ни ја укажаа. Не беше можно да дојдеме таму каде што сакавме, но ние сме им благодарни. И честитаме на Белгија и им посакуваме среќа на сите екипи кои го продолжуваат натпреварувањето. Што се однесува за нас, ќе се вратиме уште посилни. Напред Португалија“ напиша Роналдо на социјалните мрежи.
View this post on Instagram
> Роналдо: Горди сме на нашиот пат, ќе се вратиме посилни! <