Утрински Весник
Спорт

Роналдињо никогаш не тренираше во понеделник, откри поранешен соиграч

Роналдињо слави роденден во затвор

Канкун, 10 април 2020 (МИА) – Бразилската легенда Роналдињо никогаш не тренирал во понеделникот за време на престојот во Керетаро во текот на сезоната 2014/15.

Ова го откри неговиот поранешен соиграч Патрисио Рубио.

– Ние секогаш игравме како домаќини во петок, затоа што во Мексико секоја екипа има свој календар за целиот шампионат. По натпреварите Роналдињо изнајмуваше приватен авион и заминуваше во Канкун или Плеја дел Кармен. Тој се враќаше во вторник, а јас никогаш не го видов на тренинг во понеделник. Тој беше врвен фудбалер, изјави Рубио за мексиканска телевизија.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Јамал можно е да има скината тетива, најверојатно сезоната за него е завршена

Со дефиле на делегациите вечерва во Скопје отворено Светското училишно првенство во ракомет 2026

Суспендиран стадионот „Башкими“ во Куманово, покрената дисциплинска постапка за инцидентот на мечот со Струга Трим Лум