Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Роналдињо: Жесус е еден од најдобрите играчи во Европа

Img 7972

Габриел Жесус сезонава ги засили редовите на Арсенал. Тој во клубот пристигна од Манчестер Сити за 52.000.000 евра.

dobivaj vesti na viber

Легендарниот фудбалски мајстор Роналдињо проговори за квалитетите на младиот сонародник.

„Кога Габриел пристигна во Манчестер, реков дека ќе стане еден од најдобрите напаѓачи во светот. Кога ќе добиеше шанса, тој секогаш покажуваше дека е способен да извлече максимум од неа. Во Сити никогаш не доби можност и почит каква што заслужува играч со негов квалитет, изјави Роналдињо и додаде:

„Во Арсенал тој има клучна улога во тимот, ја чувствува поддршката од тренерот и навивачите и веќе им ја враќа со своите голови. Очекувам големи работи од него оваа сезона. Тој не е само еден од најдобрите играчи во Премиер лигата, туку и во цела Европа“.

Арсенал во првите три кола забележаа три победи. Жесус постигна два гола и забележа две асистенции.

Можете да прочитате

Шеста светска клупска титула за ракометарите на Барселона

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг