Синот на Викторија и Дејвид Бекам е веќе доволно возрасен за да влезе во светот на моделите и да биде новото лице на насловна страница на познатото модно списание L’Uomo Vogue.
Ромео, 18-годишниот син на Викторија Бекам (46) и Дејвид Бекам (45), веќе го имаше своето деби на машката модна сцена како манекен, а сега ја краси насловната на најновото издание на списанието, кое треба да излезе на киосците на 22 јануари.
Зад објективот стоеше славното фотографско дуо Мерт Алас и Маркус Пигот.
Русокосиот Ромео на својот Инстаграм-профил ја покажа својата прва голема фотосесија и напиша: „Возбуден што го споделувам мојата прва насловна страница за L’Uomo Vogue“