Утрински Весник
Спорт

Рома може да го изнајми Санчез од Манчестер јунајтед

Никој не го сака Алексис Санчез заради високата плата

Рим, 2 мај 2020 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Алексис Санчез, кој е на позајмица во Интер, може да остане во Италија.

Италијанските медиуми објавија информација дека играчот од средниот ред би можел да замине во Рома, која веќе беше заинтересирана за Чилеанецот минатото лето.

Забележано е дека Римјаните можат да се обидат да го изнајмат 31-годишен фудбалер, искористувајќи ги добрите односи со Манчестер јунајтед.

Оваа сезона Санчез настапи на девет натпревари во Серија А за Интер и постигна еден гол. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Азија ја поддржи кандидатурата на Инфантино

Серген Јалчин е нов селектор на Турција – потпиша договор на четири години

Дисциплински постапки против Шкендија Арачиново и Камјани од страна на ФФМ