Утрински Весник
Култура

Романтичниот балет во два чина „ЖИЗЕЛ“ на сцената на Националната опера и балет на 15 април

Романтичниот балет во два чина „ЖИЗЕЛ“ на сцената на Националната опера и балет на 15 април

Романтичниот балет во два чина „ЖИЗЕЛ“ ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет на 15 април 2022, со почеток во 20.00 ч.

Магичната и безвременска приказна за несреќната љубов, преточена во музиката на францускиот композитор Адолф Адам, а во кореографија на Жан Корали, Жил Перо, Мариус Петипа, Леонид Лавровски. Адаптацијата на кореографијата е на Ирена Пасариќ од Хрватска. Диригент на претставата е Иван Еминовиќ. Костимографијата е на Александар Ношпал, сценографијата на Александар Ношпал и Михајло Стојановски, светло дизајн: Милчо Александров.

Во насловната улога ќе настапи примабалерината, Мими Поп Алексова Атанасовска, во улогата на Алберт ќе настапи првенецот Васил Чичиашвили (Грузија), во улогата на Мирта: Ивана Коцевска, Хиларион: Игор Веланоски , селско па де де: Христина Наќевска и Ендру Кук (Англија).

Настапува оркестарот и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.

Текстот Романтичниот балет во два чина „ЖИЗЕЛ“ на сцената на Националната опера и балет на 15 април е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“