Утрински Весник
Македонија

Романска донација на заштитни маски од медицинските резерви на ЕУ

Романска донација на заштитни маски од медицинските резерви на ЕУ

Скопје, 12 мај 2020 (МИА) – Дирекцијата за заштита и спасување, во соработка со МВР,  Царинската управа и ЈП за државни патишта, го организираше и реализираше приемот на 10 000 заштитни маски од медицинските резерви на Европската Унија (rescEU Stockpiling medical resources).

Помошта беше доставена од претставници на Генералниот инспекторат за вонредни ситуации при МВР на Романија, како одговор на нашето барање до Европскиот механизам за цивилна заштита, за справување со КОВИД-19.

На примопредавањето на помошта присуствуваа Аднан Џафероски, директор на Дирекцијата за заштита и спасување и Виорел Станила, амбасадор на Романија во нашата земја. хс/сп/ 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Променливо облачно со повремен дожд

Петровска: Граѓаните заминуваат, власта не прави исчекор кон ЕУ

Петровска: Доставивме барања за реформи во СДСМ, а за помалку од еден час добивме циничен одговор