Утрински Весник
Свет

Романија против грчкиот предлог за патување низ ЕУ само со сертификат за вакцинација

Романија против грчкиот предлог за патување низ ЕУ само со сертификат за вакцинација

Романскиот претседател Клаус Јоханис ја критикува идејата да се користи сертификат за вакцинација против Ковид-19 за да се олесни патувањето на европските граѓани, посочувајќи ја можноста за дискриминација.

Тој додаде дека верува дека треба да има потврда за вакцинација, но мора да се користи од медицински причини.

Претседателот го искажа својот став на прес-конференција кога го прашаа за мислењето за идејата Грција да издаде единствен европски сертификат како доказ за вакцинација за граѓаните, за да можат Европејците полесно да циркулираат со овој сертификат.

Тој исто така рече дека масовната вакцинација против Ковид-19 е единственото решение, со цел, што е можно побрзо животот да се врати во нормала.

Јоханис најави дека ќе ја прими вакцината против Ковид-19 на јавен настан во петок, 15 јануари.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Над 160 лица загинаа во поплавите во Азија

Европол заплени осум милиони штетни играчки

САД трајно ќе ја запрат имиграцијата од „земјите од третиот свет, најави Трамп