Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

„Ролинг стоунс“ ја одбележа првата турнеја без Чарли Вотс со трибјут видео

„Ролинг стоунс“ ја одбележа првата турнеја без Чарли Вотс со трибјут видео
Img 7972

„Ролинг стоунс“ ја започнаа американската турнеја No Filter во неделата (26 септември) со оддавање почест кон покојниот тапанар Чарли Вотс.

Британските ветерани, на својата прва турнеја од 1963 година без Вотс, прикажаа негови фотографии и видео на големи проекции во арената Св. Луис, Мисури пропратено со звук на виртуозно тапанарско соло.

 

Додека публиката од околу 60,000 луѓе извикуваше „Чарли“…„Чарли“, Мик Џегер, Кит Ричардс и Рон Вуд излегоа на сцена за воведната песна Street Fighting Man.

„Беше прилично емотивно кога ги видов тие слики на Чарли на екранот. Ова е нашата прва турнеја што ја правиме без него”, рече фронтменот Џегер, држејќи се за рака на сцената со гитаристот Ричардс.

„На сите ни недостига Чарли и на сцената и надвор од сцената “, додаде Џегер.

Можете да прочитате

ПВЦ прозорите имаат зимски и летен режим, еве како да го подесите

ЉУБОВЕН ХОРОСКОП ЗА ОКТОМВРИ 2025 ГОДИНА: Кој донесува важни одлуки, а кого го чека љубов како од бајка?

Рецептот за лажниот ајвар кој го освои интернетот – Потребно е само половина час за да се направи