Утрински Весник
Магазин

Рокерот Брус Спрингстин се соочува со обвинение дека возел пијан

Рок-легендата Брус Спрингстин бил уапсен пред три месеци во националниот парк во Њу Џерси под обвинение што вклучува несовесно возење и возење во алкохолизирана состојба, изјави во средата портпаролката на паркот.

„Спрингстин, чија петдецениска кариера често ја истакнуваше својата матична држава Њу Џерси и нејзиното крајбрежје, беше приведен на 14 ноември на патека покрај плажата Сенди хук“, изјави Дафне Јан, портпаролка на Националната рекреативен парк Гејтвеј.

„Спрингстин беше кооперативен во текот на целиот процес“, додаде таа во соопштение по електронска пошта.

Веб-страницата со вести за селебрити личности „ТМЗ“, која првично објави за инцидентот во средата, тврди дека Спрингстин треба да се појави на судско рочиште во следните неколку недели.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Транзитниот Јупитер во Рак носи силен фокус на домот и емоциите вели Јанковска

Утрински навики што го регулираат шеќерот и енергијата

Вечерва во 21:00 нова епизода на „Планетите зборуваат“ со Наташа Јанковска