Утрински Весник
Магазин

Розенкранц и Вулф промовираат ТВ-мрежа за забавни вести

Розенкранц и Вулф промовираат ТВ-мрежа за забавни вести

Клодија Розенкранц и Едријан Вулф, двајцата ветерани од ТВ-индустријата кои го претворија квизот „Кој сака да биде милионер?“ во глобален феномен, промовираат телевизиска мрежа за шоубиз вести во стилот на „Си-ен-ен ентертеинмент“, како дел од нивната продукцијата на Студио 1, објави „Дедлајн“.

Нивниот проект „ЛИТ“ се емитува во живо на Јутјуб, Инстаграм, Фејсбук и Твитер, а сега двајцата планираат вестите од светот на шоубизнисот, филм, мода…да се емитуваат на специјален телевизиски канал – како дестинација за млади луѓе кои не користат социјални мрежи а сакаат да дознаат новости во врска со нивните омилени ѕвезди од телевизија, филм, музика, како и онлајн инфлуенсери.

„Лит“ во моментов се емитува во живо по еден час секој ден, но амбиција е во наредните три години да прерасне во 24-часовна програма со шоубиз вести кои ќе се емитуваат низ целиот свет.

Додека оди во живо на социјалните медиуми, „ЛИТ“ е во преговори со неколку големи стриминг-платформи во врска со дистрибуција, а веќе стана партнер со индонезискиот стример Каскус, пренесува „Дедлајн“.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Ако сте родени на овие датуми, привлекувате пари како магнет

Здравствени придобивки од жалфијата – 24info.mk

Ова се најчестите показатели дека не внесувате доволно протеини во телото