Утрински Весник
Спорт

Роглич со голема победа на четвртата етапа на ТдФ

Роглич со голема победа на четвртата етапа на ТдФ

Словенецот Примож Роглич покажа зошто е еден од фаворитите за победа во генерален пласман на Тур де Франс, откако триумфираше на првиот планински финиш на француската трка во Орсиер-Мерлет, додека Французинот Жулијан Алафилип некако успеа да остане во жолтата маичка.

Роглич (Џамбо-Висма) предводеше словенечки 1-2 триумф пред сонародникот Тадеј Погачар (УАЕ Тим Емирати) по 160.5 километри на Алпите, благодарејќи на одлично завршената работа на неговиот тим. Гијом Мартин (Кофидис) го помина францускиот сонародник Алафилип во последните метри за да го освои третото место и бонус секунди, додека Наиро Квинтана (Аркеа) беше четврти пред Алафилип.

Алафилип останува четири секунди пред Британецот Адам Јејтс (Мичелтон-Скот), но Роглич сега е трет во генерален пласман со само седум секунди заостанување поради 10-те бонус секунди за првото место.

Последните 7.1 километри од етапата беа во нагорнина, и Вут ван Ерт и Сеп Кус успеаја да го „водат“ Роглич до првото место, пред тој да стигне до третата етапна победа на ТдФ во кариерата.

> Роглич со голема победа на четвртата етапа на ТдФ <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Рутинска победа на Реал кај Леганес

Дебакл на Хрватска во БиХ, Хрватите ќе останат без место на ЕП

Повредата на Димитријевиќ не е сериозна: Беше само силен грч , се ќе биде во ред набрзо