Утрински Весник
Свет

Од почетокот на пандемијата, од Ковид-19 се опоравиле над 18 милиони заразени

СЗО: Зголемување на стапката на инфекција во светот

Според интернет-страницата за статистика „Ворлдометер“, бројот на луѓе кои се опоравиле од инфекцијата со коронавирус надмина 18 милиони.

Во светот се заразени повеќе од 25,7 милиони луѓе, а починале скоро 857.000.

Најголем број на закрепнати пациенти има во САД, каде има и најголем број на заразени, 6,2 милиони, а и најголем број на смртни случаи, 187.936.

Повеќе од три милиони од оние кои се избориле со Ковид-19 се регистрирани во Бразил, потоа 2,8 во Индија, а во Русија, каде што бројот на заразени лица денека надмина милион, се опоравиле 815.705 пациенти.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Авион за кој се претпоставува дека го превезува директорот на ЦИА полета од Москва, покажуваат податоците на „Флајтрадар24“

„ОпенАИ“ откри разгранета мрежа за влијание што ги прикривала руските траги

Кос: Светот се промени, мора и процесот на проширување