Утрински Весник
Магазин

Роби Вилијамс: Jа напуштив Британија поради навредите на Лиам и Ноел Галагер, беше неподносливо

Роби Вилијамс: Jа напуштив Британија поради навредите на Лиам и Ноел Галагер, беше неподносливо
300x250 (7)

Роби Вилијамс тврди дека долгогодишната расправија со Лиам и Ноел Галагер од „Оазис“ го направила толку вознемирен што придонело за неговата одлука да ја напушти Велика Британија.

Пејачот (47) и sвездите на култниот бенд „Оазис“ до неодамна беа заглавени во војна на зборови која траеше повеќе од две децении, а кулминираше кога хитмејкерот на Angels го предизвика Лиам (48) на боксерски натпревар на „Британските награди“ (БРИТ-авордс)  во 2000 година.

Говорејќи за нивното ривалство, кое главно се случуваше во 90-тите и 2000-тите години, Роби вели: „Беше неподносливо. Морав да ја напуштам земјата. Се сеќавам на секој слог од навредите на рокерите“.

Говорејќи за поткастот Talent Takes Practice, Роби рече: „Мојот бренд за забава не се сметаше за достоен поради начинот на кој се претставив“.

Постоеше тренд на „Роби Вилијамс не е кул“, рече пејачот. „Ова не се однесува на трите милиони луѓе кои ги купија моите албуми“.

„Секојпат кога гледав ТВ-програми, имаше луѓе што беа полни со омраза кон мене. Тоа беше погрешно и гротескно. Беше неподносливо. Решив да ја напуштам земјата“.

Роби ја напушти Велика Британија за нов живот во Лос Анџелес во 2004 година.

Тој е најпродаван британски соло-изведувач во Велика Британија и најпродаван нелатино изведувач во Латинска Америка. Шест од неговите албуми се наоѓаат меѓу првите 100 најпродавани албуми во Велика Британија.

Извор: Makfax

Ss1

Можете да прочитате

Еве како да добиете интензивна зелена боја без капка хемикалии!

Француските експерти препорачуваат децата да не користат паметни телефони пред да наполнат 13 години

Праските ја штитат кожата и помагаат при слабеење